Најскандалозните љубовни приказни во историјата

0

Некои љубовни приказни се големи и безвременски, па до ден денес се раскажува за нив. Парови чија страст креирала и уништувала во исто време.

Погледнете за кого станува збор…

 

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Тие се запознале за време на снимањето на филмот „Клеопатра“ во 1963та година и во тоа време двајцата биле во брак. Глумицата била во својот четврт брак со Еди Фишер, а Бартон со својата прва сопруга Сибил Вилијамс. Парот се заљубил многу брзо, а нивната врска привлекла огромно внимание од страна на медиумите кои ги следеле на секој чекор. Само девет дена откако Елизабет се развела од тогашниот сопруг, тие ја објавиле својата веридба.

Тејлор и Бартон важеле за најгламурозниот Холивудски пар. Како многу темпераментни личности, имале интензивно, страстен однос проследен со алкохол, кавги и неверојатен луксуз.

Се развеле во 1974та година за повторно да се венчаат наредната година. Брго потоа, повторно се развеле.

Мери Шели и Перси Биш Шели

Во 1814та година, 16 годишната британска писателка Мери Годвин го запознала 21 годишниот поет Перси, на гробот на својата мајка. Toj бил оженет, но се разделил од своето богато аристократско семејство поради желбата да им помага на луѓето кои се во неволја, наместо да ужива во богатството.

Таткото на Мери не се согласувал со оваа врска, па престанал да разговара со ќерка си. Писателката останала бремена, а Перси ја напуштил својата сопруга, па се оженил со Мери, по што неговата претходна сопруга извршила самоубиство.

Мери му родила четири деца, но три од нив починале веднаш по раѓањето. Перси неможејќи да ја издржи болката, како резултат на тешката депресија си го одзел животот пред 30тиот роденден.

Јоко Оно и Џон Ленон

Членот на најпознатиот бенд „Битлси“ ја запознал јапонската уметничка во 1966та година на нејзината изложба. Двајцата тогаш биле во брак, а Ленон имал и син. Но, тие се заљубиле на прв поглед, се развеле од своите тогашни брачни партнери и се вечнале три години подоцна. Како пар, заедно се автори на многу уметнички дела и перформанси со порака за мир во светот.


Се верува дека поради својот ”длабок занес” кон Јоко, почнал да се расправа со своите соработници од групата, па таа набрзо се распаднала и фановите ја обвинувале токму Јоко Оно.

Парот не се вознемирувал поради бурните реакции и критики, па тие продолжиле да бидат неразделни. Поради големиот притисок од јавноста, тие за кратко се разделиле, па Ленон се впуштил во романса со својата асистентка Меј Панг, додека Јоко ја поддржила таа афера.

По секојдневни разговори, најпосле се смириле и една година подоцна го добиле синот Шон. Ленон во 1980та година бил убиен во Њу Јорк во рацете на својата сопруга, која никогаш потоа не се омажила за друг.

Чарлс Дикенс и Нели Тернан

До 1875 година викторијанскиот писател бил на врвот од својата кариера и важел за примерен сопруг и татко на 9 деца. Но, тогаш започнал афера со актерката Елен Тернан, која тогаш била само една година постара од неговата најстара ќерка.
Неговиот брак се распаднал, а романсата со Елен продолжила се до неговата смрт.

Сите 13 години од нивната врска, писателот се обидувал да ја сокрие врската од јавноста. Се верува дека таа била инспирација за некои од неговите мрачни ликови, вклучувајќи ја Естела во делото „Големи очекувања“.
Нивната љубовна приказна претставува невиден скандал во тоа време.

Катарина II Велика и Григориј Александровиќ Потемкин

Царицата се зближила со 10 години помладиот заповедник Потемкин, кога тој и помогнал да го симне својот сопруг од тронот – царот Петар III.
Нивната врска од почетокот била страствена, а тие ја започнале во сауната во подрумот на Зимскиот дворец.

Овој пар претставувал силен политички сојуз во следните децении. Но, како растела неговата улога на дворот, така се намалувала онаа во спалната соба на царицата, па таа ги продолжила своите афери со други младичи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот