“Најсиромашниот“ претседател на светот ќе ве натера да ги преиспитате своите ставови за среќата

0

“Не е тешко да се успее на работа, но тешко е да се успее во приватниот живот. Да се биде човек е многу тешко. Тоа забораваме“.

Хосе Мухик или “најсиромашниот“ претседател на светот неодамна се пензионираше од својот петгодишен мандат како претседател на Уругвај. Во шеесетите и седумдесетите години бил припадник на национално ослободително движење, поради што е уапсен и во затвор поминал 13 години од животот. Но, од 2010 до 2015 години тој раководи со државата како претседател. Во својот живот преживеал се и сешто, и дел од неговите поуки ги пренесува на светот.

Тој еднаш изјави: “Се посветив за промена, подобрување на животот во заедницата во која припаѓам. А сега сум претседател“.

Раѓањето во денешниот свет веројатно значи дека поголем дел од своето детство ќе го поминете во училиште, адолесцентскиот период исто така во училиште, и на крај најголемиот дел како зрела личност на работа.

На жалост, ние стануваме робови на системот и многу малку од над едвај успеваат да си дозволат кров над главата или здрава исхрана. Она што навистина депримира е тоа што ние не мора да живееме на овој начин. Ништо во нашата природа не бара од нас да живееме вака. Секако, важно е да можеме да ги подмириме основните потреби, но она што треба да тежнееме да имаме повеќе е – слобода, повеќе избор, повеќе независност…

Јас лично, верувам дека секој може да го креира својот живот по своја желба или бар да се радува на себеси без оглед на околностите. Досега, сум бил на места и во ситуации во кои не сум сакал да бидам, но го сфатив тоа како предизвик и можност за развој. Не можеме да одбереме во каква ситуација ќе се најдеме, но може да избереме како ќе ја прифатиме.

Мојата филозофија е: Занимавајте се со она што најмногу го сакате. Ако не ја знаете својата страст, обрнете внимание на тоа како кога се чувствувате. Кога ќе забележите дека поради нешто се возбудени, размислете на кој начин можете тоа да го вклучите во вашето секојдневие.

Што е она што навистина го сакате? На што сакате да потрошите време? Што сакате да постигнете? Кога го правите тоа што сакате се чувствувате добро и секако зрачите со позитивна енергија.

Среќата доаѓа одвнатре

“Или сте среќни со малку, слободни од непотребни оптеретување бидејќи сте среќни длабоко во себе, или ништо нема да постигнете. Јас не алудирам на сиромаштија. Јас мислам на здрав разум“.

Дали вашите желби се само ваши или пак паѓате под влијание на маркетингот? Многу луѓе се насочуваат кон материјателни богатства за на крајот да дознаат дека вака доаѓаат само до привремено чувство на среќа. Вистинската среќа доаѓа од местата кои немаат никаква врска со материјалниот свет или поседувањето.

Размислете вака, постојаното купување, фрлање работи…Кога вие купувате нешто не го плаќате со пари. Го плаќате со часовите од животот кои сте морале да ги потрошите заработувајќи пари…Разликата е во тоа што животот не може да се купи.

Уругвај е мала земја и нема претседателски авион. Не е потребен воопшто. Од Франција купивме мал хелихоптер кој е опремен со хируршка опрема, и го сместивме во центарот на Уругвај како би можел да биде на располагање на сите кога би се случила некоја несреќа. Тоа е толку едноставно. Што е повеќе потребно, хелихоптер или претседателни авион?

Јас не велам дека треба да се вратиме во првобитно општество или да избегнуваме комоција. Едноставно, би можело да живееме поскромно. Ова го велам за сите влади во светот, народот би бил многу посреќен кога би имало доволно за сите.

Не е тоа недостаток на ресурси, едноставно лош начин на управување. Се борат за моќ, а забораваат на човечките и светските проблеми. Кризата не е еколошка, кризата е политичка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.