Најсилните љубовни врски од минатиот век

0

Некогаш, времето било поинакво… Постоеле други вредности и сфаќања. Луѓето не  се откажувале лесно од љубовта, браковите не се распаѓале без силна причина, а во име на сродната душа се правеле и жртви.

Сè изгледало толку бајковито: свилени фустани со голи раменици, чаша мартини, смокинг, манири и огромна љубов.

Кои биле најголемите љубови на минатиот век?

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Се запознале во 1962 година на филмскиот сет за „Клеопатра“. Се венчале и развеле два пати. Нивната љубов била една од најозборуваните. Самата Тејлор сметала дека нивната врска не успеала бидејќи премногу се сакале.

Archival Cinema and Entertainment

Хемфри Богарт и Лорен Бeкoл

Буги и Бети, како што ги нарекувале се запознале за време на снимањето на филмот „Да се има и да се нема“ во 1944 година. Лорен имала само 19, Хемфри дури 44 години. Тајно се венчале во Охајо. Живееле среќно 12 години во Лос Анџелес со двете деца, се до смртта на Богарт во 1957 година.

Dark Passage - filmstill

Грејс Кели и Принцот Рение од Монако

Романсата започнала како официјален состанок, а завршила со една од најбајковитите венчавки направени досега. Грејс Кели во неколку наврати имаше изјавено дека се вљубила во неговата личност, а не во неговата титула.

19 Apr 1956 - Grace Kelly marries Prince Rainier

Роналд и Ненси Реган

Некогашниот прв човек на Америка ја запросил својата сакана на вечера во нивниот омилен ресторан. Во текот на бракот секогаш се држеле за раце и си пишувале љубовни писма.

4

Сони и Шер

Работеле заедно како дуо и успеале да продадат 40 милиони плочи ширум светот во седумдесеттите години. Но, освен соработка меѓу нив се родила и љубов. Шер имала 16, Сони 27 години. Иако се разделиле кога нивниот сон имал пет години, во 1998 кога Сони загина во сообраќајна несреќа Шер одржа премногу емотивен говор на погребот кој ги расплака сите присутни.

5

Пол Њуман и Џоан Вудворд

Овие двајца колеги биле во брак цели педесет години, се до смртта на Њуман во 1998. Имале три деца. Џоан за нивниот долг брак, своевремено имаше изјавено: „Сексапилот и убавината со тек на време бледнеат и исчезнуваат, но да се биде во брак со маж кој секој ден ќе успее да те насмевне е вистинско задоволство.“

JOANNE WOODWARD AND PAUL NEWMAN

Френк Синатра и Ава Гарднер

Овој пар имал турбулентна приказна: расправии, љубоморни сцени, раскинувања и нови соединувања и долги години не се откажале еден од друг. Се венчале во 1951 години, а се развеле шест години подоцна. Пријател близок на Ава која никогаш повторно не се омажи имаше изјавено дека таа никој никогаш не сакала онака како Френк.

Frank Sinatra with his wife Ava Gardner 1951

Џери Хол и Мик Џегер

Лидерот на Ролинг Стоунс и американската актерка и модел имале врска која траела дваесет години и покрај начинот на кој Џегер живеел. Мик со Џери имал четири деца и голема љубов иако често ја изневерувал.

Entertainment News - Jan. 5, 2012

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.