Најреволуционерниот затвор на сите времиња: Место каде се уште се чувствува присуството на некогашните затвореници

0

“Eastern State Penitentiary” е еден од најпознатите и за свое време најреволуционерни затвори кој бил отворен во 1829 година во Филаделфија.

Револуционерен бил од две причини: архитектонски и концептуално.

Имено, затворениците во него биле потполно одвоени едни од други односно секој имал своја приватност.

Eastern_State_Penitentiary_aerial_crop__1467462053_77.28.148.213

Зад целата идеја, начелно стоела многу благородна намера. Затворот бил замислен како установа во која криминалците ќе бидат рехабилитирани и изведени на прав пат преку верско учење. Секој од нив еднаш дневно морал да го посети управителот на затворот, а три пати во денот да се сретне до надзорниците.

Се било во служба за доброто на затворениците, без оглед на тежината на злосторството кое го направиле. Сите биле третирани еднакво.

going-down__1467462095_77.28.148.213

‘Идилата’ на пенсилванскиот затвор траела кратко. Во 1913 година бил отфрлен принципот на самица и затворениците делеле ќелии се до неговото затворање во 1971 година.

Установата била направена за 300 затвореници, но со оглед на забрзаниот раст на населението на Филаделфија, со текот на времето биле сместени 2000 затвореници.

Затворот во 19 век станал атракција за туристите кои плаќале билет за да можат да шетаат низ ходниците и да разговараат со затворениците во ќелиите – можност кој не им била дозволена само на членови на нивните семејства.

eastern-state-penitentiary-int12-900vp__1467462074_77.28.148.213

Најголемото бегство се случило во 1945 година, кога 12 затвореници побегнале низ тунел долг 30 метри кои го ископале претходно. Интерсен е податокот дека кога бил реновиран затворот, биле пронајдени уште 30 недовршени тунели за бегство.

Eastern-State-Penitentiary-Philadelphia-PA-Cell-849x1280-3787070c76

Krimes_0__1467462152_77.28.148.213 maxresdefault (1)__1467462128_77.28.148.213

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.