Најпознатите фризери низ историјата

0

Низ историјата, луѓето ја носеле нивната коса на различни начини, во голема мера определена од страна на модата и културата во која живееле. Фризурите ја означувале социјалната класа, возраст, брачна состојба, расна идентификација, политички убедувања и ставови за родовите.

Денеска, ве запознаваме со луѓето кои се грижат за косата, фризерите. И тоа не кои било фризери, туку едни од најпознатите во историјата.

Фризерката Шампањ во 18 век

ccb67680-d4cf-41ac-b1b0-b149cd22fad9

Се смета дека оваа жена била првиот фризер во историјата и го оставила најголемиот траг поради работата со аристократски клиенти кои го опсипувале со подароци и меѓусебно се натпреварувале за неговото внимание. Меѓу нејзините клиенти била и принцезата Мари Де Гонзаг и сопругата на полскиот крал Владислав Четврти.

Легра Де Румињи во 18

5118db0c-8905-4301-bec1-4c5ad213bfad

Најпознатата клиентка на оваа фризерка била Мадам Де Помпадур и била официјална фризерка на францускиот кралски двор. Составила прирачник за тоа како се прават најпознатите во тоа време, фризури и ја отворила првата школа за фризери во светот.

Марсел Грато во 19 век

ba51a998-6f96-4645-ab19-09ee912bed3a

Овој фризер го средувал цел Париз. Пронашол многу интересни начини на виткање на косата, како оној со танките крпчиња, врзување во мали пунџички и слично. Станал премногу популарен, па често се случувало пред неговиот салон ред  да чекаат и десетици жени.

Антоан во 20 век

bbc70733-97a8-4df5-abe3-d61b2b458854

Антоан ја имал честа да ја средува косата на Коко Шанел. Бил Полјак кој живеел во Франција. Еден ден, истрижал една Французинка речиси до ќелавост, што не било вообичаено за тоа време. Следните денови, куп француски жени чекале ред, токму за ваквата фризура.

Сидни Гилароф во 20 век

6d20e281-e17b-477f-a87a-558e2795f001

Негови најпознати клиентки биле Грета Гарбо, Грејс Кели, Џоан Крафорд… Бил официјален фризер во филмската продукција MGM и славните актерки од минатиот век, едноставно го обожавале. Некогаш бил бездомник, за во четриесеттите години на минатиот век, да стане првиот фризер чие име се појавува на завршните филмски шпици.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот