Најпопуларниот ретроскутер на денешнината

0

Скутерот Vespa е најсилниот и најпопуларниот претставник на семејството ретроскутери на денешнината. За првпат светот ја виде Веспата во 1946 година и оттогаш таа постојано се смета за образец на скутерската мода.

Младите низ целиот свет се префрлија на возењето Vespa и на со тоа ја направија дел од својот стил и симбол на андерграунд културата. Во 60-те години од минатиот век  популарноста на Веспата го достигна својот лимит, благодарејќи на британското младинско модно движење. Во тоа време се сметало за срамно да немаш скутер од оваа марка.

14055522_10154431909526667_1191831400_n__1471378691_92.53.30.159

Многу брзо Vespa си најде свои приврзаници и меѓу најистакнатите уметници, музичари и актери. Самиот Салвадор Дали обожувал да се вози на скутер. Тој толку често ја возел Vespa-та што решил нејзиниот резервоар да си го крсти со името на својата сопруга Галина. Мопедите на фирмата Vespa ги обединуваат луѓето со различен ранг по богатство и различен социјален статус. Денес скутерите Vespa можете да ги сретнете и во гаражите на милијардерите, и во планинско село во Италија. За нив не постојат никакви ограничувања.

За да купите скутер Vespa доволно е едноставно да ја сакате слободата, брзината и чувството да се биде млад.

14055618_10154431910066667_115051316_n__1471378661_92.53.30.159

Познатите италијански мопеди за повеќе од 60 години од своето постоење успеаја да освојат многу срца. Во текот на сето ова време тие се усовршуваа, се менуваа деталите и дизајнот. Но, Vespa – тоа не е само назив на мопеди, во тоа име е скроена цела една историја, свој личен карактер. Скутерот Vespa секогаш е синоним за уверени, силни и слободни личности.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот