Најопасната прошетка на светот – во срцето на активен вулкан

0

Активниот вулкан во Индонезија не ги спречува туристите да шетаат и да се искачуваат на карпите за да ја видат оваа природна појава.

Едноставно кажано, тие се качуваат на темпирана бомба до врвот на планината Ринјани само за да уживаат во неверојатниот поглед.

Тешко е да се остане сталожен и без никаква видлива реакција кога се наоѓате пред вториот најголем активен вулкан во Индонезија на 3726 метри надморска висина, а знаете дека може да се активира во секој момент.

Вулканот на планината Ринјани е еден од 452 вулкана во познатиот Престен на огнот.

Опасноста не ги запира сите авантуристи и љубители на ваков тип на адреналин, кои секако имаат помош од локалните жители при искачувањето.

Погледнете како изгледа од нивна перспектива сето ова:

14398091_10211153937832149_259138995_n 14407719_10211153937592143_1819794459_n-1 14409184_10211153937712146_791309346_n 14383443_10211153937792148_591571660_n 14383514_10211153937912151_685507575_n 14397887_10211153937552142_134918770_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.