Натали Портман, чие вистинско име е Натали Хершлаг, е родена на 9 јуни 1981 година во Ерусалим. Таа уште додека била девојче ја засакала глумата, а талентот кој го поседувала посебно ја издвојувал од останатите. Така, таа на 12 години го имала првото филмско искуство во култниот филм “Леон” каде глумеше со актерот Жан Рено.
Таа секогаш била посветена на образованието, за чија цел во еден момент кариерата ја ставила во мирување кога заврши психологија на Харвард. Нејзината кариера тргна по нагорна линија по снимањето на филмот “Блискост”, за улогата осовои Златен глобус и номинација за Оскар.
Потоа се нижеа многу големи филмски остварувања, се до 2011 година кога го доби својот прва Оскар за улогата во филмот “Црниот лебед” каде ја толкуваше улогата на професионална балерина.
Предизик кој не бил воопшто лесен за неа, но кој значеше пресврт не само на професионално поле, туку и на приватен план. За време на снимањето го запозна својот сегашен сопруг, Бенџамин Милпеј, балетан и кореограф кој соработување на филмскиот сет.
Во 2011 го добија синот Алеф, а 2012 се венчаа на приватна церемонија во Калифорнија.
Бенџамин, кој во моментов работи како директор на Париската опера, неодамна ја промени верата заради љубов кон својата сопруга изјавувајќи дека е од голема важност да биде иста вера како сопругата и оти сака целосно да се посвети на јудаизмот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот