Најнеобичните хотели во светот отворени од почеток на 2017

0

Од почетокот на годинава во светот се отворија многу хотели, мотели и хостели меѓу кои и многу необични. Некои се обидуваат да ги привлечат гостите со особениот дизајн, други се обидуваат да воодушеват со списокот на предложени услуги, а трети да остават впечаток со своjата големина.

Еве кои се најчудните хотели кои ги примија првите туристи годинава.

  1. Хотелот „Quadrum“, изграден од товарни контејнери, кој се отвори во Грузија, во Верхни Гудаури, во почетокот на март. Гудаури е познат скијачки центар, а хотелот им нуди на туристите соби, семејни и лукс апартмани, како и базен и сауна.

  1. Во книжниот хостел „The Book and Bed Tokyo-Kyoto“ (Кјото, Јапонија) местата за спиење се ставени врз книжните полици. Во секоја секција има столна ламба и завеса за да се оградите од соседите.

  1. Првиот во свет хотел во спасувачка кула беше отворен на израелската плажа Фришман и работеше само 10 дена, од 15 до 25 март. Да живеете во него беше можно само на конкурс. Потоа хотелот го растурија. Хотелот всушност беше двокатен луксузен апартман со џакузи,собна услуга и консиерж. Во пакетот влегуваше и доручек.

  1. Свој хотел отвори и познатиот англиски уличен сликар Бенкси. „Walled Off Hotel“ се отвори на границата меѓу Палестина и Израел.Во хотелот има девет соби и еден апартман и сите ѕидови се украсени со дела од Бенкси.

  1. Хотелот „The 7th Room“ е изграден среде борова шума во Лапонија. Ова здание, кое потсетува на традиционален скандинавски дом, стои врз 12 столбови на висина од 10 метри, меѓу дрвјата. Гостинска соба, две спални и купатило со вкупна површина од 55 метри квадратни.

  1. На Малдивските Острови често откриваат раскошни хотели. Но, петоѕвездениот „Hurawalhi Island Resort“ на атолот Лавиани може да се пофали со подводен ресторан кој се наоѓа на длабочина од речиси шест метри. Масите се поставени во прозрачен тунел и морски продукти има не само на менито, туку и секаде околу вас.

  1. Шпанската дизајнерска компанија In-Tenta создаде не само хотел, туку и конструктивна хотелска соба која може да се постави каде било. Конструкцијата, наречена Drop box, е пресметана за четворица. Предвидена е и варијанта со две спални, а во собата има и купатило и тераса.

  1. Во центарот на Сингапур, во почетокот на годината првите гости ги прими хотелот-цвеќе „Oasia“. Целата фасада на 27-катното здание е пресвлечена со мрежа со вистинска трева. Освен тоа, во хотелот има четири зелени тераси кои се наоѓаат во коридорите. Хотелот има 314 соби, канцеларии и продавници.

  1. Во јапонскиот хотел „Henn na Hotel“, отворен во префектурата Тиба, Јапонија, во средината на март, практично нема вработени, нив ги заменуваат роботи.

  1. Хотелот „The Breakers“ ги отвори своите врати уште во 1896 година, но, тогаш имал назив „The Palm Beach Inn“. Неодамна беше преименуван во „The Flagler Club“ и тоа е прв хотел во светот кој се наоѓа внатре во друг хотел, а другиот хотел е всушност „The Breakers“. Цените за соба почнуваат од 2.100 долари за ноќ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот