Најнеистраженото место на Земјината топка

0

Можеби ни се чини дека луѓето ги имаат истражено сите места на Земјината топка, но не е така. Постојат локации за кои научниците знаат многу малку и неодамна почнале да ги истражуваат. Не, не станува збор за Антартикот, туку за топлите сулфурни извори во Данакил, сместени околу 600 км северно од главниот град на Етиопија – Адис Абеба.

Тука се наоѓаат токсични бари богати со сулфур и хлор, чии температури се блиску до точката на вриење. Станува збор за мошне непривлечен простор, преполн со непријатни мириси и гасови кои го отежнуваат дишењето и ги печат очите. Овие карактеристики можат да ни дадат добар увид во теоријата за постоење на живот надвор од границите на планената Земја. Веројатно тоа е и една од причините зошто научниците од шпанскиот центар за астро-биологија минатиот месец, од 5 до 7 април за прв пат го посетиле ова место. Тие направиле цела низа мерења и собрале примероци за понатамошни лабораториски анализи.

Постојат многу малку научни трудови за Данакил, со напомена дека во ниеден не се обработени биолошки карактеристики, па затоа од научен аспект научниците тука навистина истражуваат нешто ново. Велат дека местото е извонредно, а во исто време и опасно. Во текот на денот дневните температури се движат околу 42 Целзиусови степени, а ноќта се спуштаат до 30, каде хлорот прилично ги надразнува дишните патишта.

Енергијата од изворите обезбедува природен проток на магмата, која во комбинација со богатите наслаги на солите изгледа речиси вонземски.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот