Најнаселеното место во светот е мал остров во Африка

0

Островот Мигинго е еден од најмалите острови на светот. Но малкумина знаат дека е еден од најнаселените. На два квадратни метри живеат околу 1000 луѓе.

Официјално, таму живеат приближно 131 жител, но неофицијално бројот е 10 пати поголем. Најинтерeсно и најчудно од сè е што до 1991 година, таму никој не живеел. Населувањето почнало кога двајца кенијски рибари, Далмас Тембо и Џорџ Кибебе пристогнале на островот.

Самото место е богато со риба, работа од која почнале да живеат, а многу набрзо потоа им се придружиле и други рибари кои полека го носеле и своите семејства.

Мигинго се наоѓа во Африка, на езерото Викторија помеѓу Кенија и Уганда. Технички се наоѓа на подрачјето на Кенија, но властите на Уганда тврдат дека рибарите ловат во нивна област, што повремено создава тензична ситуација меѓу двете места. Во 2008 година, била испратена војска од Уганда која би требало да ги евакуира кенијските рибари и да го заземе островот. Проблемите траеле до минатата година, кога Уганда и Кенија конечно се договoриле и двете да имаат право на данок и да праќаат своја војска која треба да го брани островот.

Мигинго е атрактивно место за пирати кои постојано ги напаѓаат жителите, крадејќи им го уловот и горивото кое го користат. Не е место каде што можете туристички да престојувате бидејќи како што можете да забележите од фотографиите, тоа е невозможно.

Во овој остров, колку и да звучи неверојатно, има и места за излегување, односно пабови каде рибарите се опуштаат после напорен ден. Има 4 паба, аптека, фризерски салон и неколку бордели.

Интересен е податокот дека до најнаселениот остров на светот постои остров каде нема ниту еден жител – причината е што мештаните веруваат оти тоа е место на демони.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.