Најлуксузните улици во светот

0

Некои улици во светските метрополи се разликуваат од другите по добрата локација, скапиот станбен простор, уреденоста и сигурноста и големиот број на продавници со брендови.

Доколку некогаш сте се запрашале на кои улици живеат познатите, колку овие улици се разликуваат од “просечните “, што ги прави толку луксузни овие улици, еве една листа на најелитните улици во светот.

Според просечната цена на недвижностите кои се на овие улици, компанијата Wealth X состави листа на најскапите улици во светот.

Montaigne Avenue – Париз

Се наоѓа во делот на Париз познат како Елисејските полиња и тука претежно живеат оние кои ја ценат високата мода. Тука се сместени бутиците на познатите брендови: Диор, Армани, Шанел… Просечната цена на м2 изнесува колу 26 000 долари.

Paris_avenue_montaigne

Fifth Avenue – Њујорк

На оваа улица отсекогаш живееле богатите и славните, а посебно се ценети становите кои се наоѓаат помеѓу 59 и 65 улица. Ова е местото каде што сите светски дизајнери сакаат да имаат свои продавници. Просечна цена на м2 изнесува  29 000 долари.

Saturday-shopping-5th-Avenue

Ostozhenka – Москва

На оваа улица се испреплетени минатото, сегашноста и иднината . Ова улица е центарот на руската историја, луксузниот живот и добрата храна. Најскапиот стан во оваа улица чинел 48 милиони долари.

Moscow,_Ostozhenka_30-1_(2012)_by_shakko_01

Princesse Grace Avenue – Монако

Овај даночен рај со години наназад  е омилена дестинација на богатите и славните, а  тука живеат Андреа Бочели, Роџер Мур и многу други. Цената на м2 е околу 86 000 долари.

1

Kensington Palace Gardens – Лондон

Најпознатие жители на оваа улица во главниот град на Велика Британија се принцот Вилијам и принцезата Кејт. Овај дел од градот познат како “лондонски ред на милијардерите“ е доста мирен и овозможува максимална приватност.

RussianEmbassyResidence04_(London)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.