Најлудите стравови на мајките…

0

Мажите и жените едноставно не можат да се согласат околу некои работи. А кога е во прашање мајчинството, е тогаш работата е најкомплицирана. Секако дека не се грижат само мајките, туку и татковците. Дали се безбедни децата? Дали се среќниДали се премали да гледаат некои филмови? Тоа се стандардни стравови низ кои минуваат сите родители. Но над тие стравови, мајките имаат уште по некој….

Јавни тоалети – ако е многу нечист одат во друг, ако е малку нечист ставаат тоалетна хартија врз школката. Така прават татковците. А за мајките е нешто сосема друго.. Тие ќе го однесат во тоалетот само кога мораат. И тогаш ќе направат целосна стерилизација, особено ако станува збор за девојче. Тие се во состојба да си ја “скршат” половината придржувајќи го, отколку да го стават да седне на школката.

061016_ls_momvoice_free

Вошки – штом детето ќе се почеша, мајката веднаш почнува да го прегледува сомневајќи се да не има вошки. За татковците тоа е веројатно последната работа на која ќе помислат.

Синдром на празно гнездо – дека децата еден ден ќе заминат на школување, ќе се омажат, ќе го напуштат домот. А мајките уште од мали нозе почнуваат да ги подготвуваат своите деца дека ќе им се јавуваат секој ден, дека постојано ќе ги посетуваат.

a_mom_taking_care_of_boy

Да го остават детето со таткото – не е јасно зошто кога детето ќе остане со таткото мајката мора да се јави барем 20 пати за да провери дали се добри. Па мајки, тогаш не лутете се што тато не сака да го носи во парк или во кино. Вие едноставно сте многу здодевни во тие моменти!

И татковците стравуваат – а еден од најголемите татковски стравови и неприфатливи мигови е да го видат својот син како си игра со кукли.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар