“Најлошиот автомобил на сите времиња“- историското Југо на убедливо прво место

0

Денешните генерации не можат ни да замислат колку се привилегирани поради понудата на автомобили на пазарот, која е разнолика и буквално може да се најде се за сечиј вкус. Порано, постоеше Југо како единствен најисплатлив модел на автомобил. Иако, ова некогаш беше најчест автомобил во југословенските простори, според бројни светски листи, па дури и Forbs, прогласен е за најлошиот произведен автомобил во историјата.

Дали е тоа нефер кон овој автомобил, за кој некогаш теписоните во него се сметаа за “стандардна опрема“, или пак тоа што на задното стакло се наоѓал грејач, кој наводно би требало да ги грее рацете на луѓето додека го “буткаат“.

Но реално, колку еден автомобил треба да биде лош за со уверливи 30 % од гласовите да дојде до првото место на најлош автомобил на сите времиња?

Во прашалникот кој води до овој одговор, се поставени различни критериуми кои се ограничуваат на автомобили произведени после Втората Светска војна. Тука се вметнати неколку ставки, како сигурноста на возилото, стилскиот изглед, конструкција, добар маркетинг…

Легендарното Југо е произведено во автомобилската фабрика Застава Ауто во Крагујевац. Овој автомобил се извезувал во САД во текот на доцните осумдесети години и многу пати бил виден во познати филмови, цртани филмови па дури е и споменат во многу книги.

Производството е престанато во 2008 година, со краен број од произведени 794.428 вакви автомобили.

Вкупно се извезени 256.691, а во САД се продадени 141.511 возило.

Југото е произведено во повеќе варијанти зависно од пазарот на кој се продавал. Моделите наменети за САД биле со подобра изработка. За овој пазар е подготвена верзија и со автоматски менувач, но после распадот на СФРЈ, тој никогаш не е произведен.

За ова возило, кое ги одбележа изминатите години и овие простори, се зборуваше многу, па дури излегоа и многу вицови и шали.

  • Што се наоѓа на задната страна на упатството за возење на Југо?

Возен ред од автобус.

• Како се викаат кочниците во Југото?

Додатна опрема.

• Како да ја зголемите цената на Југото?

Наполнете го резервоарот.

Извор: https://www.express.hr/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот