Најкул униформи на стјуардесите ширум светот

0

Ако често сте по аеродромите низ светот сигурно забележувате дека секое вработено лице носи различна униформа во зависнот од препознатливите бои на на компанијата.

Прво кога влегувате во авион ве поздравува кабинскиот екипаж кои се грижи за патниците во текот на целиот лет. Она што е карактерстично за авиокомпаниите од целиот свет е нивната униформа.

Најчесто боите кои се наоѓаат на логото на авиокомпанијата подоцна се применуваат и во изгледот на вработени, односно на нивните униформи.

Патниците најчесто имаат контакт со екипажот на авионот и сигурно униформата на стјуардесите не останува незабележана.

Во продолжение издвојуваме најкул униформи од познати авиокомпании од целиот свет…

Virgin Atlantic

Новите униформи на оваа авиокомпанија се дизајнирани ни помалку ни повеќе од единствената Vivenne Westwood.

2. Virgin-Atlantic 506x506_tcm2046-951376

Emirates Airlines

Најлуксузната авиокомпанија во светот се грижи униформите секогаш да се најелегантни и уредни, а стјуардесите секогаш да изгледаат средено од глава до пети.

0d74b04989216230f016027650041a7d

Air Serbia

Српската авиокомпанија порано го носеше името Jet Airways, но во 2013 година беше ребрендирана по што следеа нови униформи за кабинскиот екипаж.

4. Air-Serbia-506x380_tcm2046-951378

Fiji Airways

Тиркизната боја ја карактеризира униформата на стјуардесите на оваа авиокомпанија, а како промовирање на националното богатство, користат цвет како асесоар.

5. Fiji-Airways-Stewardesss-Uniform-506x380_tcm2046-951379

Etihad Airways

Додека повеќето авиокомпании користат вообичаени бои,  Eithad Airways реши кабинскиот екипаж да го облече во уникатни маици со точки и чоколадна боја на костим со виолетови детали.

6. Etihad-Airways-Stewardess-Uniform-506x506_tcm2046-951380

Qantas

Австралиската компанија Qantas ги промовише новите униформи на најдобар можен начин и тоа ни помалку ни повеќе туку со Миранда Кер.

7.-Qantas-Airways-506x506_tcm2046-951381

Singapore Airlines

Дефинитивно ова е најнеобичната и најтрадиционална униформа што ќе ја видите само ако „летате“ со Singapore Airlines.

8. Singapore-Airlines-Stewardess-Uniform-506x380_tcm2046-951382

Korean Air

Корејската авиокомпанија за прв пат после долги години реши да ја промени униформата од 1991 година. Униформата за стјуардесите ја дизајнираше модната куќа на Gianfranco Ferre.

9. Korean-Air-uniforms-506-x-380_tcm2046-951383

Bangkok Airways

Ако патувате со оваа авиокомпанија униформите на стјуардесите веднаш ќе ве потсетат на тиркизната боја на плажите во Тајланд.

10. Bangkok-Airways-380x506_tcm2046-951384

Air France

Секако изгледот на француските стјуардеси не смееме да го испуштиме. Имено нивната национална компанија е во партнерство со модната куќа на Christian Lacroix.

11. Air-France Stewardess 380x506_tcm2046-951385

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар