Најголемите љубови во литературата

0

Секој читател кој е непоправливо вљубен во пишаниот збор за век и векови, го знае оној момент кога е преплавен со емоции поради речениците кои ги чита, кога созлите сами си доаѓаат.

По некое непишано правило, а сосема логично, таквите емоции ги имаат читателите кои читаат драми и романси. Низ историјата на книжевноста запознавме многу парови, бевме сведоци на многу љубовни приказни, а некои од нив со право го носат епитетот „најголеми љубовни приказни во литературата“.

Скарлет и Рет од („Одвеано со виорот“)

Скарлет О’Хара поседува плејада фанови во новелата на Маргарет Мичел, но нејзиното срце припаѓа единствено на воениот херој Рет Бател, кој по игра на судбината станува нејзинит трет маж. Иако тие раскинуваат, на самиот карј авторката најавува дека можеби некаде во иднина пак ќе се пронајдат и смират.

Естела и Пип (од „Големите очекувања„)

Естела е еден од најсилните женски ликови во романите на Чарлс Дикенс. Таа ја одбива идејата за романса и го оттргнува Пип од неа. Но, Пип го сака ловот. Тој не се откажува од неа дури и кога таа, под притисок од родителите ќе се омажи за друг. Иако овие два книжевни херои не завршуваат во брак, Дикенс на самиот крај остава простот за прилично симпатичен завршеток кој вреди да го откриете во оваа книга.

Рон и Хермина ( од „Хари Потер“)

Типичен пример за тоа дека спротивностите се привлекуваат. Рон ја сака Хермиона поради нејзината тврдоглавост и логичен ум, додека таа се воодушевува на неговата импулсивност. Додајте на тоа младешка возбуда, тинејџерски дилеми и страст за живот и имате романса која ќе разгали многу читатели.

Кети и Хитклиф (од „Оркански височини“)

Планините во Јоркшир се сведок на најголемата љубовна приказна во историјата на британската книжевност. Бурната љубов помеѓу непромислената Кети и одмаздољубивиот Хитклиф ги држи читателите во неизвесност и очекување се до последната страна од романот на Емили Бронте.

Елизабет Бенет и Мистер Дарси (од „Гордост и предрасуда“)

Класична љубовна приказна која се врти околу шарматната и независна Елизабет Бенет која одбива да ги прифати општествените норми, особено кога станува збор за договорените бракви во тоа време. Додека е во потрага по идеалниот сопруг го запознава Мистер Дарси па така започнува една од најголемите љубовни драми во литературата.

Ромео и Јулија (од „Ромео и Јулија“)

Може ли листата на најголемите љубови во литературата да помине без Шекспировите Ромео и Јулија? Забранетата љубов секогаш станува уште посилна, како по некое непишано правило… Убиства, тајна венчавка, семејства кои посакуваат одмазда се дел од најпознатото дело на Шекспир кое воедно е и најтажната љубовна приказна во книжевноста.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар