Најголемите лаги кои си ги кажуваме за викенд

0

Секој од нас едвај чека да стигне викенд за да ужива во слободните активности. Работната недела е зад нас и се што сакаме е да се одмориме.

Лага: Во петок вечер си викаме ќе излеземе и нема да претераме со пиење.

Вистина– заморот, желбата за добар помин и убавото друштво си го прават своето.

Лага: Во сабота наутро велиме дека ќе се наспиеме бидејќи не сме на работа.

Вистина: Навикнати сме да стануваме рано и повторно сме на нога во 7 часот.

Лага: Во недела ќе бидеме во кревет цел ден и ќе уживаме во слободата.

Вистина: Секогаш може да се случи да дојде некој ненајавен гостин кој го расипува раатот.

А најголемата лага од сите е  – следниот викенд ќе биде поинаков, од понеделник ќе ги завршам заостанатите обврски за да можам да го уживам целосно.

Сè се сведува на тоа дека не постои идеален викенд. Не можете да го испланирате слободното време бидејќи така станува уште една обврска за реализација. Слободните активности нека останат слободни. Не си кажувајте лаги кои знаете дека нема да бидат вистина.

Наместо тоа, кажете си дека овој викенд ќе биде добар сам по себе заради спонтаноста. Неисполнетите очекувања носат разочарување, па макар станувало збор и за најмалите работи.

Размислете за опцијата слобода во викендот и ќе го добиете совршенството кое го чекате секоја недела.

Само оставете ги грижите на страна и живејте го викендот дете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот