Најголемиот број неверства почнуваат на Фејсбук

0

Ако мислите дека партнерот или партнерката ве изневерува, постои голема шанса да сте во право.

Со сè поголемиот развој на социјалните мрежи и на новата технологија, изневерувањето е многу почесто од порано.

Одамна помина времето на тајни разговори со љубовникот или љубовницата во сред ноќ додека сите спијат. Денес, со бројните платформи што ви ги нуди вашиот телефон, можете да најдете безброј начини да стапите во контакт со нив, без притоа да се криете многу.

Постојат дури и сајтови каде што ќе можете да најдете некој со кого ќе го изневерите партнерот.

Неодамна е направено истражување во Велика Британија, каде што дури 45% од мажите признале дека барем еднаш ја изневериле девојката или сопругата. Но, не е мал ни бројот на жени што го направиле истото – дури 21%.

Приватен детектив од Австралија веќе две децении ги пронаоѓа неверните партнери и вели дека потенцијалните љубовници веќе не се наоѓаат во барови, туку на Фејсбук. Оттаму почнуваат скоро половината од сите афери.

Луѓето се запознаваат преку социјалните мрежи, разговараат, се поврзуваат, почнуваат да развиваат чувства за луѓе што не ги знаат и на крајот изневеруваат. Искушението е преголемо, а многу луѓе не можат, а да не подлегнат.

Благодарение на новите технологии, многу е полесно да се „фати“ неверникот. Посебно ако знаете каде и што да барате. Луѓето многу пати ги даваат своите лозинки на партнерите или го забораваат отворен својот социјален профил, а доказите се веднаш пред очи.

Потоа, сакале вие да си признаете или не, се наоѓате во ситуација кога мора да преземете нешто или да простите. Што би направиле?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот