Најглупавите пет изуми на светот кои вредат милиони

0

Од идеја до реализација треба многу пат, сметаат некои луѓе. Но, понекогаш треба и вистинската идеја да дојде во вистинско време и среќата да изигра споредна улога. Наједноставните изуми на светот им донеле милиони на креативните носители.

Топката Кош

loptica-koosh-585x390-20151043-20151029152901-2b906068d29b3069a8996c9735c3586c

Топката е измислена во 80-те години од страна на Скот Стилинџер. Идејата е многу едноставна – сакал да направи топка која лесно ќе се фаќа. Така ја создал гумената топка со реси и станал милионер за неколку години.

Перница која може да се стави во микробранова печка

jastuk-koji-moze-u-mikrovalnu-pecnicu-390x390-20151043-20151029152854-f1357dbf154e91fe3e8c47a9180b1944

Една жена претприемач, Ким Левин, во 2002 ја дизајнирала перницата која може да се загрева во микробранова печка, а тој изум и донел огромен прилив на пари. Во првите осум недели само заработката била 250 000 долари.

Продажба на пиксели

prodavao-piksele-585x390-20151043-20151029152908-039ffb074932523e5e8891eb76ffa408

Британскиот студент Алекс Тју се збогатил откако во 2006 година го лансирал сајтот Million Dollar. Тоа е страница која се состои од милиони пиксели, а Алекс продавал простор во блокови од 10×10 на компании кои сакале реклама на таа страница. Наплатувал по еден долар за пиксел и заработил милион долари после само еден месец.

Очила за сонце за кучиња

naocale-za-pse-585x390-20151043-20151029152920-9cbea1bdbd56a3711089e935eca1cbbf

Овој производ се уште збунува многумина, но верувале или не, сопствениците на изумот заработиле многу пари. Името на очилата е Doggles. Идејата ја добиле откако играле со сопственото куче и забележале дека тоа подзамижува кога игра фризби со нив.

Одговарање на писма на Дедо Мраз

odgovaraju-na-pisma-djedu-mrazu-585x390-20121249-20121207161407-5fdd5954af634b82044c80f0d1851ef7

Основачите на стрната SantaMail.org, кои на барање на родителите праќаат персонализирани одговори на децата од Дедо Мраз, во последниве години имаа заработка од 3.5 милиони долари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.