Најеротски женски парфеми на сите времиња

0

Вистинскиот парфем може да направи да се чувствувате тотално секси, самоуверено и моќно дури и повеќе од црвен кармин или црни салонки. Без разлика дали парфемот го носите за да си го подобрите расположението или за некоја посебна прилика или личност, секогаш постои силна емотивна врска помеѓу вас и парфемот.

Направивме листа од осум парфеми кои ќе го задоволот сечиј вкус… Пронајдовме парфеми кои се апсолутно сески и еротични, ќе ве направат кралица на заведувањето за да бидете тотално неодоливи за спротивниот пол.

VERY IRRESISTIBLE Givenchy

Парфем кој е наменет за сексапилните жени кои се полни со харизма и самодоверба. Бидете моќна жена која освојува нежно…

1175-sensual

MY BURBERRY Burberry

Овој парфем е инспириран од популарниот Burberry мантил и е наменет за оние девојки кои освојуваат суптилно и шармантно.

MyBurberry-EDP-15-06-2015

TRUSSARDI DONNA

Чиста италијанска класика… За жените кои носат сончевина и страст во себе и никако не можат да го сокријат сјајот во нивните погледи.

trussardi-donna

Signorina Misteriosa Salvatore Ferragamo

Парфем кој же ве направи ѕвезда на вечерните излегување… Парфем кој ќе зборува за вашата мистериозност која е предизвик за освојување на секој маж…

02-1_fragrance_mist_h

CAMICIA 113 – GIANFRANCO FERRE

Мирис за екстрвагантните жени… Мирис кој ќе ви даде доза на елеганција и храброст. Мирис кој повикува да биде почувствуван…

o.35324

MODERN MUSE – Еstee Lauder

За сите оние независни жени, самоуверени, сигурни во себе и својот стил, Modern Muse e вистинскиот избор.

Estee-Lauder-Modern-Muse

VERSACE EROS

Парфем кој од вас ќе направи божици на љубовта исто како што и Ерос бил бог на љубовта. Силните жени знаат да љубат! Силните жени одбираат Eros…

versace-eros-pour-femme-fragrance-688x1024-688x520

WANT –  DSQUARDED2

Парфем за оние жени кои се самоуверени и гордо ја покажуваат својата женственост… За жените кои се сакани и посакувани…

Perfume Dsquared2

SENSUOUS – Estee Lauder

Цветен парфем наменет за сензуалните жени кои не можеш, а да не ги гледаш со часови!

41dsyRWIi+L

AROMATICS IN WHITE – Clinique

Ориентално – цветен мирис кој ќе ги освои жените кои сакаат да се чувствуваат секси и модерно.

Aromatics-in-White

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот