Најефикасен начин да го израмните подуениот стомак

0

Подуениот стомак може да ви ги упропасти плановите и да ви го расипе расположението. Постојат неколку начини со помош на исхраната да го решите тој проблем.

Вода и лимон

Ако треба да излезете од дома за кусо време, препорачливо е да испиете една чаша вода со лимон и внатре да ставите многу малку црвен пипер.

„Налутете се“ малку

Можеби сте подуени и заради лошото варење на храната, па малку луто ќе ви го подобри варењето, ќе ги намали гасовите и ќе ве ослободи од притисок и грчеви.

Куркума

Овој зачин е одличен за детоксикација. Се купува во прав, ама постојат и капки што можат да се додадат во вода, сок или чај.

Кокосова вода

Исфрлете го вишокот натриум од телото така што ќе пиете кокосова вода, па ќе се чувствувате подобро.

Чај од нане

Ако сакате нешто што има поубав вкус од кокосовата вода, решете се за чај од нане. Ќе ви ја намали подуеноста и ќе функционирате нормално во текот на денот.

Спанаќ

Влакната што ги поседува спанаќот го подобруваат варењето а храната. Пијалакот направен од спанаќ, ѓумбир, куркума и кокосова вода е совршен антиоксидант.

Потење

Ако сакате да се чувствувате помалку подуено, ама и да ослабите во исто време, најдобро е да почнете да вежбате и да се препотувате. 40-минутно вежбање е одлична мерка за дневен тренинг.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот