Најдоброто од Тина Тарнер

0

Ана Меј Булок, попозната по нејзиното сценско име Тина Тарнер (родена 26 ноември 1939 во Натбуш, Тенеси) е американска пејачка, танчерка и изведувач.

Благодарение на нејзиниот успех, доминантност на сцената и популарноста, таа ја има титулата „кралицата на рок & ролот“.

Таа е позната во светски рамки по своите енергични претставувања на сцената, моќниот глас како и по нејзините долги и пропорционални нозе кои се сметаат за најпознати во шоу-бизнисот.

Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и за најуспешен женски рок-уметник на сите времиња, со продажба на близу 200 милиони копии од нејзините албуми на светско ниво.

Светската турнеја на Тарнер насловена како Break Every Rule Tour имаше најголем број на продадени билети и беше посетена од близу четири милиони фанови. Исто така, Тарнер ги надмина и The Rolling Stones со својата турнеја во Европа именувана како Foreign Affair Tour во 1990 година и пеејќи пред четири милиони луѓе во само шест месеци.







При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар