Благодарение на модната недела во Њујорк и делување на Греми наградите, имавме можност да видиме впечатливи и стилски моменти во текот на целата недела.
Првите редови за време на модната недела беа полни со музички ѕвезди, познати блогери, модни уредници и актери кои секогаш го здражуваат окото на фотографите и присутните.
Дел од А листата за најдобро облечени изминатата недела ја исполнија Сиена Милер, Солаж Ноулс, Теаса Томпсон, Кејт Босворт и Кристен Данст.
Имаше и настани надвор од овие случувања, па имавме можност да ја видиме Дајен Кругер во преубав смарагнден фустан на Sally LaPonte.
Актерката Оливија Вајлд одбра драма изглед носејќи ги познатите цветни дезени на Dolce & Gabbana.
За време на ревијата на Марк Џејкобс беше невозможно да не се забележат интересните и уникатни изгледи на публиката и се разбира во првите редови Ана Винтур.
Сиена Милер не ги остави рамнодушни присутните за време на ревијата на Ралф Лорен.
Моделот Емили Ратајковски гостуваше на ревијата на Хуго Бос облечена во црно одело со машки стил.
Кристен Данст ретко гостува на модните недели, но овој пат ја посети ревијата на Родарте, а папараците не го испуштија моментот да го фотографираат нејзиниот изглед.
Погледнете кои други личности се најдоа на А листата за најдобро облечени оваа недела.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.