Најдобрите спортски цитати на сите времиња

0

Сите обожуваме да споделуваме мудрости, цитати или коментари од познати личности без разлика дали се работи глумци, модни дизајнери, мотивациони тренери или пак спортисти. Најчесто споделуваме цитати од познати писатели и од луѓе кои оставиле вистинска трага во историјата на човештвото.
Но, без спорт планетата не би била планета. Токму затоа ги одвоивме најдобрите спортски изреки на сите времиња…

„Победата не е се, но желбата за победа е“!- Vince Lombardi
– Vince Lombardi ( 1913- 1970) е легендарен тренер на американскиот фудбал. Во 60-тите тимот на Green Bay Packerse ги доведе до 3 три последователни титули и пет титули за 7 седум години. Кој ќе победи на „Super Bowl“ добива трофејот наречен по него.
img22327876

„ Разликата помеѓу невозможното и возможното е одлучноста“- Tommy Lasorda
– Tommy Lasorda (1927) е играч и менаџер во безболот. 60 години поминува во тимот на Brooklyn/LA Dodgers.
Tommy-Lasorda

„Тоа е само работа. Тревата расте, птиците летаат, брановите удираат во песокот, Јас тепам луѓе“. – Mohammad Ali
-Mohammad Ali (1942) е еден до најголемите боксери на сите времиња и единствена икона на спортот на 20-ти век.
GettyImages-479933880-E„Не ги мери сопствените успеси по она во кое си успеал, мери ги со она што си може да го постигнеш со своите можности“.- John Wooden
-John Wooden (1910-2010) е кошаркарски тренер на универзитетот во Лос Анџелес , со кого тимот освои десет титули во дванаесет години, и 88 последователни натпревари.
Wooden„Спортски бон-тон за мене е кога спортистот си заминува со тренерот, а при тоа не може да забележиш дали победил или изгубил бидејќи во двата случаи оди со глава високо крената“.- Jim Courier
Jim Courier (1970 ) е поранешен број 1, светски тенисер со освоени 4 „Gran Slam“ титули.

jim-courier-celebhealthy_com
„Шампион е оној кој станува кога вели „не можам“- Jack Dempsey
– Jack Dempsey (1895-1983) е боксер со титула во тешка категорија и еден од најомилените боксери поради агресивниот стил во периодот од 1919 и 1926 година.
jack-dempsey__1468242555_77.29.221.229„Упорноста ќе го претвори неуспехот во извондредни достигнувања“.- Matt Biondi
Matt Biondi (1965) е победник со 11 олимписки медали во пливање.
46c9f14d96b139f76b98a6ac14ac8c3f„Секогаш им велам на децата: имате две очи и една уста. Држете ги двете отворени, а една затворена. Никогаш нема ништо да научите, ако вие зборувате“.- Gordie Howe
Gordie Howe (1928) има надимак- Mr. Hockey што всушност кажува се. Спортист со 4 „Stanley“ купа и 6 пати прогласуван за најдобар играч на сезона.
gordie-howe-1024__1468242782_77.29.221.229„Натпреварувачки спорт во главно се одвива на терен кој има пет ипол инчи простор помеѓу ушите“.- Bobby Jones
Bobby Jones (1902-1972) е професионален голфер, професор и адвокат. Во голфот се смета за еден од најдобрите аматерски голфери на сите времиња, рамноправно играјќи против професионалци. Неговиот лик ќе го сретнете во филмот „Легендата за Багер Ванцеу“- толкуван од Мет Дејмон каде се појавува и Вил Смит.
BobbyJones-640x360

„Кој и да рекол дека „не е најважно дали си победил или не“- веројатно изгубил -Martina Navratilova
Martina Navratilova (1956) e американска тенисерка која е добитинк на „Gran Slam“ во сингл, во пар и мешана катергорија.
Martina-Navratilova-1990-007

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар