Најдобрите ресторани во светот според Trip Advisor

0

Trip Advisor ја објави листата на најдобрите ресторани во светот врз основа на позитивни и негативни критики на луѓето кои патуваат.
Повеќето ресторани оваа година се од Европа, но има и неколку од Америка, Азија, Африка и далечната Австралија.
Повелете на одличен ручек низ светот:

1. Martin Berasategui- Шпанија, Ласарте

„Овде ќе ги вкусите најдобрите зачини, храната е толку вкусна што не можевме да престанавме да  јадеме, вистинска поезија за душа“.
Кујна: Шпанска

1.martin-berasategui
2. Europea- Монтреал, Квебек

„ Вистинска уметност. Четири часа поминати со одлична храна, вино, креативност во подготовката и префинета атомсфера. Амбиент за помнење“.
Кујна- Француска
2.europea
3. Maison Lameloise- Чагни, Франција
„Услугата е на највисоко ниво, подготвувањето на храната е волшебно и вкусот секогаш ќе го помнам“.
Кујна: Француска
3.maison-lameloise

4. Adam’s- Бирминген, Англија
„Како што се служеше секој оброк така ни стануваше се потешко да одбереме еден омилен. Добро би ми дошол еден и сега“.
Кујна: Британска
4.a-lamb-dish-that-melted

5. Restaurant Sat Bains – Нотингам, Британија

„Уникатно место каде што може да ги вкусите сите можни зачини, одлично подготвено мени, кое претходно нуди тест за вкусување на она што сакате да го нарачате. Секое јадење во менито е придружено со предлог на вино“.
Кујна: Британска
5.filename-p1010193-jpg
6. Geradium- Копенхаген, Данска
„Секој курс наменет за готвењето беше доста креативен. Посетувавме плантажи , почнувавме од полињата, шетавме во шумата и плажата а на крај завршувавме во градината“. Одлично место за научиш се за кулинарскиот занает.
Кујна: Европска, Данска
6. action-in-the-open-kitchen

7. Pic- Валенс, Франција
„Инвентивно, моќно и храбро користење на зачини; прекрасна презентација на интересни форми на храна“.
Кујна: Француска
7. bar-caramel

8. Narisawa- Минатоп, Јапонија
„Секој оброк е совршено приготвен и вкусен до бескрај“.
Кујна: Јапонска, Азиска
8. les-creations-de-narisawa

9.Le Manoir Aux Quat’ saison- Милтон, Британија

„ Не само што храната е супер и услогата одлична туку и градините заслужуваат многу пофалби и посета“.
Кујна: Француска

9. le-manoir-aux-quat-saisons

10. Epicure- Париз, Франција
Целосната слика за овој ресторан ми остави совршен впечаток, од начинот на приготвување на храната до атмосферата и услугата. Прекрасно искуство“.
Кујна: Француска
10. epicure