Најдобрите мечеви во историјата на тенисот

0

Најдобрите спортски мечеви не секогаш се одиграни помеѓу првиот и вториот во финале. Најдобрите моменти секогаш се случуваат меѓу најдобрите играчи во спортот. Во таа насока, ние ви издвоиме неколку незаборавни тениски мечеви.

Андре Агаси – Маркос Багдатис

УС Опен 2006 – четврто коло

Андре Агаси дојде на УС Опен со низа повреди и голем број обожаватели, бидејќи веруваше дека се ближи крајот на неговата кариера. После секој меч, Агаси примаше инекции против болки, но некако успеа да стигне до четвртото коло, каде се сретна со осмиот носител, Маркос Багдатис. Двајцата играчи го оставија срцето на теренот, играа како никогаш, што имаше и последици. Едниот заврши со болка во грбот, а другиот со грчеви во нозете. Тоа беше и последната победа на Агаси.

Роџер Федерер  –  Марат Сафин

Австралија Опен 2005 – полуфинале

Кога Марат Сафин е концентриран ретко кој играч може да го победи. Понекогаш неговото трпение е прилично слабо и секогаш го доведува до чести падови во играта. Во случајов, тој беше концентриран на својата игра, со изгубени два сета до средбата со Федерер во полуфиналето. Два пати се враќаше откако губеше во сетови, а потоа во петтиот го декласираше Федерер со 9 -7.

Иван Лендл  – Џон Мекенроу

Роланд Гарос 1984 година – финале

Во финалето се сретнаа 24 годишниот Иван Лендл и Џон Мекенроу кој таа година не изгуби ниту еден меч. Првите два сета Мекенроу ги доби без проблем, а тогаш Лендл како да се разбуди, откако изгуби нерви во третиот сет. Целосен пресврт – Лендл опуштено го победи Мекенроу.

Енди Родик  – Јонус Ел Ајанау

Австралија Опен – четврт финале

Мечот помеѓу Американецот Енди Родик и Мароканецот Јонус Ел Ајанау ќе остане запаметен по петтиот сет кој сите ги крена на нозе. Во петтиот сет одиграа неверојатни 40 гемови и конечен резултат 6-4, 6-7, 6-4, 4-6, 21-19. Тоа е најдолг петти сет во 35 години на Гренд Слем

Роџер Федерер  – Пит Сампрас

Вимблдон 2001 – четврто коло

Пит Сампрас е тенисерот кој 7 пати го освои Вимблдон, додека Роџер Федерер на оваа средба имаше само 19 години. Овој епски меч се одигра во пет сета, а Федерер успеа да ги добие првиот, третиот и петиот меч.

Горан Иванишевиќ – Патрик Рафтер

Вимблдон 2001 – финале

Таа година Горан Иванишевиќ доби покана да учествува на Вимблдон и стигна до финале. Тамо го пречека австралиецот Патрик Рафтер. Такво навивање во финале се уште не е повторено, а мечот важи за класика во тенисот. Иванишевиќ го оствари сонот и победи на натпреварот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот