Најдобрите фитнес цитати на сите времиња

0

Мудрите зборови на Арнолд Шварценегер, Мајкл Џордан, Силвестер Сталоне, Мајкл Фелпс… сигурно ќе ве инспирираат да почнете да вежбате напорно и да им се радувате на постигнатите резултати во фитнес салата.

„Некои луѓе сакаат да успеат, некои луѓе посакуваат да успеат, ама некои луѓе успеваат.“ –Мајкл Џордан, шесткратен НБА шампион

„Знам дека кога ќе си поставам цел, дури и луѓето да ми велат дека е невозможно, јас ќе успеам.“ –Дејвид Бекам, фудбалер

„Последните три од четирите повторувања, всушност, им помагаат на мускулите да растат. Оваа болка ги одвојува шампионите од обичните учесници на натпреварите.“ –Арнолд Шварценегер, седумкратен Мистер Олимпија

186fe81160ce5b6b3ebeba55fe3fe54e__1475825096_79-125-252-53

„Кога тренирате, слушајте го телото. Кога се натпреварувате, кажете му на телото да замолчи.“ –Павел Цацулин, претседател на СтронгФрст и татко на модерното фитнес движење „руско ѕвоно“

„Не постои тајна формула. Кревам големи тежини, работам напорно и целта ми е да бидам најдобар.“ –Рони Колеман, осумкратен Мистер Олимпија

„Ако нешто стои помеѓу вас и успехот, тргнете го на страна. Никогаш не дозволувајте да ве негираат.“ –Рич Фронинг, четирикратен Крос фит шампион

„Тоа што ќе го добиете ќе го платите со пот, крв и повраќање.“ -Двејн „Рок“ Џонсон, професионален борач и актер

froning

Во животот доаѓа време кога престанувате да ги обвинувате другите за тоа како се чувствувате или за несреќите во животот. Не смеете да одите низ животот опседнати си работите што можеле да се случат.“ –Хју Џекман, актер и член на клубот „450 килограми кревање од место“

„Успехот е обично кулминација на контролираниот неуспех.“ –Силвестер Сталоне, актер

„Не плашете се од неуспех. Тоа е начинот да постигнете успех.“ –Леброн Џејмс, двократен НБА шампион

„Чувствувам бескрајна потреба да научам, да се подобрам, да еволуирам – не само за да ги задоволам тренерот и фановите – за да се чувствувам задоволен.“ –Кристијано Роналдо, фудбалер

„Мора да дозволите да ве боли. Нека ви биде грозно. Ама, колку понапорно работите, толку подобро ќе изгледате. Вашиот изглед на зависи од тежината што ќе ја кренете, туку од тоа колку правилно ќе вежбате.“ –Џо Манганиело, актер и еден од 100 најфит мажи на сите времиња

„Сонуваш. Планираш. Достигнуваш одредена граница. Ќе има пречки. Ќе има сомнежи. Ќе има грешки. Ама со напорна работа, со верба, со самодоверба и поддршка на околината, ќе научиш дека не постојат граници.“ –Мајкл Фелпс, пливач и освојувач на 23 златни олимписки медали

joemslide

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.