Најдобрите аеродроми во светот за 2015 година

0

10-те најдобри аеродроми за 2015 година кои се номинирани од корисниците на аеродромски услуги од целиот свет, се избрани во период од 9 месеци анкетирање и гласање.

Наградите за најдобар аеродром во светот е најпрестижниот избор во аеродромската индустрија и глобално обележје за професионалноста на аеродромите, општо познат како Награди од Патнички Избор (Passengers Choice Awards).

Еве ја листата на номинирани аеродроми низ светот:

1. SINGAPURE CHANGI аеродром

Сингапурскиот Changi аеродром ги поврзува патниците со повеќе од 200 дестинации низ целиот свет, со околу 5000 слетувања и полетувања во неделата на 80 интернационални авиолинии.
Changi-Airport

2. INCHEON INT’L аеродром
Incheon интернационалниот аеродром е најголемиот во Јужна Кореја и еден од најангажираните во светот. Исто така е и поранешен победник на наградата Аеродром на годината.

incheon (1)

3. MUNICH аеродром
Аеродромот во Минхен е вториот најзафатен аеродром во Германија и второто седиште на Lufthansa германската авиолинија. Со над 150 продавници и 50 ресторани и барови, овој аеродром повеќе наликува на трговски центар кој нуди многу на своите патници.

munich

4. HONG KONG INT’L аеродром

Хонгконшкиот интернационален аеродром услужува повеќе од 100 авиолинии со летови до 180 дестинации низ светот, вклучувајќи и 44 дестинации на кинеското копно. Овој аеродром е повеќекратен добитник на титулата Светски најдобар аеродром на годината.

hongkong

5. TOKYO INT’L HANEDA аеродром

Интернационалниот аеродром во Токио, Haneda, игра многу важна улога во развојот на Јапонија како туристички ориентирана нација.

Haneda.International.Airport.Tokyo.original.5273

6. ZURICH аеродром
Аеродромот во Цирих е најголемиот интернационален аеродром во Швајцарија и е главното седиште на авиолинијата Swiss International Air Lines.

zurich

7. CENTRAL JAPAN INT’L аеродром

Интернационалниот аеродром на централна Jапонија во Нагоја во 2014 година услужил над 9.8 милиони патници. Аеродромот има голем процент на домашен сообраќај, со многу регионални рути до градови како Банкок и Сингапур. Во подалечните дестинации спаѓаат Хелсинки, Франфурт, Хонолулу и Детроит.

japan central

8. LONDON HEATHROW аеродром

Лондонскиот аеродром Heathrow е еден од најзафатените аеродроми во Обединетото Кралство и во Европа според број на патнички сообраќај. До неодамна беше и со најголем број на интернационални патници, но ја изгуби оваа титула од аеродромот во Дубаи.

Heathrow_T5

9. AMSTERDAM SCHIPHOL аеродром

55 милиони патници патувале преку Schiphol аеродромот во Амстердам во 2014 година. Овој аеродром се опишува како Аеродром-Град, не само место од кое чекате да отпатувате некаде.

Schiphol-plaza-ns

10. BEIJING CAPITAL INT’L аеродром

Интернационалниот аеродром Capital во Пекинг е главниот интернационален аеродром во земјата, а и најзафатениот во светот за 2014 година.

beijing