НАЈДОБРИОТ ПРОФЕСОР НА БАЛКАНОТ ДЕЛ ОД 6-ТАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

0

Најдобриот професор на Балканот, м-р Дејан Немчиќ од Р. Хрватска, беше централен гостин на овогодинешната седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје која се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на 05.05.2018 година. Генијалниот професор по географија ги збогатува своите предавања со примена на технологијата и дигиталните алатки и вешто ги пренесува искуствата од целиот свет во предавалните. За време на предавањето на УТМС тој се обрати на тема од исклучителна важност: „Образованието во 21 век – како на часот по географија се споивме со луѓето од сите континенти”. Покрај обраќањето на м-р Немчиќ, свое обраќање имаше и Н.Е. Данијела Баришиќ, амбасадор на Р. Хрватска во Р. Македонија.

За иновативните стратегии на учење на тема: „Напредно дистрибуирано учење”, беше одржан семинар за стручно усовршување на наставниците кој го водеше проф. д-р Симе Арсеновски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Седницата заврши со излагање на Дамјан Николовски, претседател на Здружение за дислексија „Ајнштајн“, кој говореше за дислексијата како проблем за учениците и наставниците.Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во текот на своето работење бележи бројни и значајни проекти поврзани со развојот на туризмот, географијата и образованието.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.