„Најдобрата работа која што можеш да ја направиш е да ги следиш сопствените желби“ – Луцифер Морнингстар

0

Доколку сте љубител на Netflix сериите, сигурно досега ги имате гледано првите 4 сезони од новата серија „Луцифер“.

Главните улоги ги толкуваат Tom Ellis, Lauren German, Kevin Alejandro .

За што станува збор?

Луцифер, Господарот на пеколот решава да си замине од таму бидејќи му станува здодевно. Не случајно го бира градот на ангелите, градот на гревовите – Лос Анџелес.

Отвора ноќен клуб и попатно во сплет на околности ја запознава детективката Клое Декер со која заедно решаваат убиства.

На многу интересен начин е опишан неговиот карактер, а во текот на серијата сфаќате дека Ѓаволот и не е толку лош како што досега е прикажуван. Серијата е со продуцентски потпис на Jerry Bruckheimer.

По прикажувањето на првата сезона, критиките не се благонаклонети кон идејата и развојот на случувањата, но со прикажувањето на втората сезона, мислењето на публиката почнува да се менува.

Фановите на серијата можеби имаат различен став во однос на случувањата, но во едно се согласни – шармот на досегашните сезони го дава главниот актер Tom Ellis, Британец по потекло.

Досега, во неговото актерско портфолио стојат Miranda, No Angels, Doctor Who, Monday Monday, Agatha Christie’s Poirot, Rush и The Fades.

На 6 јуни Netflix објави дека се подготвува 5-тата и последна сезона на серијата.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.