Најди си човек со сонце во очите

0

Некогаш, пролетните дождови знаат да траат со денови. Да бидат здодевни и депресивни. Објави им војна на таквите денови. Излези надвор, со голем, шарен чадор и барај човек со сонце во очите. Кога ќе го најдеш, чувај го.

Најди си човек со сонце во очите, кој дождливиот ден со многу нежност ќе го направи ведар.

Најди си човек со сонце во насмевката кој ќе ти покаже дека темнината на твојот тунел тој може да ја направи светлина само со една насмевка.

Најди си човек со сонце во душата, кој ќе научи дека вистинската љубов е секогаш сончева и ја грее душата.

Најди си човек кој ќе ти биде инспирација за создавање. Сила за љубење. Причина за прегратка. Синоним за страст. Човек кој ќе те натера да заборавиш дека на светот постои нешто што луѓето го нарекуваат часовник. Човек кој секогаш без проблем ќе ти направи супа со зеленчук, иако немаш никакви симптоми на настинка и едноставнo сакаш да бидиш разгалувана. Човек кој секогаш ќе успева да ја извлече на површина најдобрата верзија од тебе и гордо да ја шета за рака. Човек, во чии очи ќе ги видиш очите на твојот син.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.