Најчестите бјути грешки на невестите

0

Иако нема сомнеж во тоа дека секоја невеста сака да изгледа совршено на денот на свадбата, невестите некогаш несвесно или од немање на време да направат неколку грешко кои ги чинат многи. Па, идни невести, обрнете внимание и блеснете на вашиот ден!

Не закажувате пробна шминка

Иако имате шминкер на кој му верувате и досега ве шминкал за неколку важни настани, исто како што закажувате пробна фризура така би требало да закажете и пробна шминка.

Штедите на шминка

Свадбениот ден е преполно со емоции, бакнежи и солзи, па затоа не треба да штедите на шминката. Заедно со својот шминкер одберете квалитетна и водоотпорна шминка која нема да „мрдне“ од вашето лице.

Не сте навикнати на вештачките трепки

Ако никогаш не сте носеле вештачки трепки, немојте за првпат да ги ставите на денот на свадбата. Пробајте ги неколку дена порано за да бидете сигурни дека може да ги носите без чудно да трепкате.

Ја корегирате шминката постојано во текот на денот

Ако одберете квалитетна шминка и добар шминкер, корекција на шминката во текот на денот нема да ви потребна. Внимавајте, додавањето на кармин на веќе постоечкиот и на руменило на веќе нанесеното само може да ве направи да изгледате многу лошо и неприродно.

Го занемарувате остатокот од телото

Исто како што шминката е важна, така важно е и деколтето, рацето, грбот. Неколку недели пред свадбата редовно правете пилинг, кожата нека ви биде хидрирана, внимавајте да не си направите модринка од немарност и замолете го шминкерот да стави пудра во прав со рефлектирачки честички.

Нанесувате креми за самопотемнување

Доколку сакате да имате потемен тен за денот на венчавката, консултирајте се со стручно лице и никако не се прскајте по дома со спрејови за самопотемнување бидејќи ризикувате да се појавите на вашата свадба со грди дами по вашите раце.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот