Најчестите грешки при пишување на е -меил

0

Во време на технологијата е- меил комуникацијата претставува се!
Без тоа невозможно да се одржи комуникација, да се заврши дадена задача или пак да се договори онлајн средба и слично.

За жал, се што може да направиме во врска со ваквиот начин на живеење е да го прифатиме.
Според ова, често добиваме е- меил барања, прашања и известувања направени и напишани без никаков редослед, а уште полошо е тоа што за да сигнеме до главната точка треба да прочитаме цел роман!

Можеби често и ние сме збунети кога треба да составиме е-меил што треба да стигне до нашиот извршен директор…
Како ли да составам е- меил известување само со главните точки, да го задржи вниманието, а пред се да биде отворено и прочитано.

Токму на оваа тема се следните неколку точки кои ќе ви помогнат при пишување на е- маил известување- се што е потребно е внимание и задржување на деталите. Романите се за книги, пришувањето на е-маил е концизно и кратко!

1. Користење на предолги реченици

Кој има време да ги прочита сите тие зборови за да стигне до главната поента?
Колку пократи и поконцизни се речениците толку подобро за оној што чита.
Долгите реченици во е-меил порака воопшто не се препорачуваат, а освен тоа запомнете дека професионалното комуницирање преку е-меил се основа на тоа информацијата да биде кратка, јасна и корисна. Раскажување на приказни не е потребно.

2. Коритење на бизнис жаргони или зборови кои се употребуваат само во бизнисот

Ако мислите дека користењето на „паметни“ зборови ќе направи да изгледате полни со знаење од светот на бизнисот, тогаш сте во грешка.
Ваквите зборови често може да го доведат до бунило читателот, а тоа не ви е потребно. Место и начин да го истакнете вашето знаење не е преку  е-меил порака. Користете нормални и лесни зборови што сите може да ги разберат.

3. Пишување во минато време

Обраќајте се директно на личноста и не пишувајте во минато време.

Наместо тоа да изгледа вака: „ Копијата беше прегледана од страна на уредникот“

Нека изгледа вака: „Копијата е прегледана од уредникот“.
Зошто некој би сакал да чита што, како и кој направил. Директното обраќање е многу појасно.

Бидете концизни, кратки и јасни!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот