Најчести грешки кои ги правиме во уредувањето на домот

0

Декорирањето на домот може да биде вистински стилски предизвик, затоа е важно да го споделите слободарскиот дух на уредување, но исто така да обрнете внимание на сите грешки кои може да ве попречат во тоа!

Иако сите ние сакаме во нашиот животен простор да е пријатно, удобно и убаво, украсено според личен стил и декор, често се случува од голема желба за совршена оаза да направите клучни грешки кои ја нарушуваат хармонијата и убавината на домот.

Затоа решивме да ви ги презентираме најголемите грешки во уредувањето кои треба да се избегнат, а се совет од експерти за ентериери.

Бел тросед или кревет

Белата боја на троседот е најчесто избрана бидејќи е чиста, јасна и дава многу идеи за декорирање. Ако се одлучите бидете подготвени на грди траги од нечистотија. Во однос на килимот, одберете во беж или сива нијанса.

Остри столчиња

Ако имате деца кои трчаат наоколу, (или можеби имате план) стакло на маса или месинг може да биде голем ризик за повреди. Затоа, важно е да се ослободите од острите рабови и агли и да се одлучите за тркалезни маси, со мазни рабови кои ќе обезбедат удобност.

Мермерни плочи

И покрај тоа што се апсолутно прекрасни, мермерот е помек и порозен материјал кој е склон на штета и менување на бои, во споредба со гранит или кварц. Ако не сакате да се грижите за белење секогаш кога некој ќе истури чаша вино, ве советуваат да се одлучите за еден поинаков – издржлив материјал.

Амбициозни DIY статии

Многу DIY техники може да изгледаат интересно кога ќе ги видиме на YouTube или Pinterest, но ако не сте имале искуство, делото би можело да биде чудно, а на во просторот да изгледа неуредно.

files

Влакнести теписи

Влакнестите теписи се многу ретро и шик и секако, најдобриот пријател на вашите нозе. Сепак, тие исто така склони на собирање нечистотија и тешки се за чистење.

Непријатни столчиња за јадење

Ова може да звучи очигледно, но дајте им на вашите столчиња за јадење мини тест. Седнете на нив пред да одлучите да ги купите. Во исто време, кога ќе ја најдете комотната позиција, и навистина ќе бидете сигурни дека ви е удобно, тогаш одлучете се да ги купите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот