Најбрзиот патнички авион ќе лета најдоцна до 2017

0

Суперсоничниот авион наречен “Boom“ се спрема за пробен лет, кој би можел да се случи до крајот на следната година.

Ова летало кое е осмислено од стартап компанија од Денвер би можело да стане најбрз патнички авион на светот. Лет од Њујорк до Лондон ќе трае 3,5 часа, а повратна карта би чинела 5.000 долари. Од Сан Франциско до Токио би се патувало 4,7 часа за 6,500 долари, а од Лос Анџелес до Сиднеј за 6 часа и 7,000 долари.

Амбициите на овој авион ги подржува и Британскиот милијардер Ричард Бренсон, чија компанија Вирџин активно е вклучено како помош во истражувањата и тестирањата.
Boom-овиот авион ќе има 40 седишта за патници, а ќе лета на висина од околу 18.000 метри.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.