Најбогатите,најсреќните и најбезбедните земји во светот

0

Одењето на одмор подразбира трошење пари, и тоа многу, и затоа е важно внимателно да ја изберете својата дестинација. Со цел да ви помогнеме во изборот, направивме листа на пет места кои заслужуваат да бидат дел од вашиот одмор.

Норвешка-најпосакувана дестинација

Според Институтот Легатум од Лондон и нивната годишна проценка на Глобалниот Индекс на Просперитет, оваа скандинавска земја е рангирана на 4то место за економија, 5то за преприемништво,8 за ниво на власт, 5 за образование, 4 за здравство,8 за безбедност и сигурност, 3 за лични слободи и 2 за социјален капитал.Што значи сево ова?Норвешка ќе ви се допадне толку многу,што ќе посакате засекогаш да останете таму.

moving_to_norway_0

САД-земја која станува се поопасна

САД никогаш и не биле на врвот на земји со низок криминал,но нивото на безбедност падна од 31 на 33 место според процената на Легатум.Причината за зголеменото ниво на насилство делумно лежи во профилот на поединечните држави-членки кои поддржуваат политичко насилство.Или ако ги поставиме работите поинаку-според Амнести Интернешнал, политичкото ниво на насилство во САД е еднакво на тоа во Саудиска Арабија.

И не се само САД…

Истоимениот индекс покажува дека во сите земји во светот,со исклучок на некои во Европа, има опаѓање на индикаторите за безбедност и сигурност.Ова се должи на пораст на тензиите,насилството и на бројот на глобално раселени лица.

Индонезија станува богата многу побрзо од било која друга земја

Во последните седум години,Индонезија се искачи за 21 место според Индексот на Просперитет, благодарение на порастот на нејзиното ниво на економија,претприемништво и можности.Процентот на лица кои се задоволни со нивниот животен стандард пораснал од 63 на 71 процент,што е можеби најдобар индикатор дека работите се одвиваат по нагорна линија во оваа земја.

toronto-is-exactly-the-kind-of-city-canada-deserves-to-bring-us-together-in-mutual-loathing-body-image-1433869502

Канада е најслободната земја на светот

Канада е рангирана прва според индексот на лична слобода, а истовремено е рангирана како најтолерантна кон имигрантите;92 проценти од граѓаните се согласуваат дека е одлична земја за странци. Земјата е петто-рангирана според меѓуетничката толеранција;Канада изгледа како одлично место за посета,нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.