Најбогатиот човек на светот: Има причина зошто моите деца нема да ги наследат парите

0

Бил Гејтс во едно гостување на утринската емисија на ITV телевизијата зборувал на разни теми, меѓу кои и неговото наследство. Тој во своето интервју кажал како планира да му изгледа тестаментот.

„Моите деца се многу горди на фактот што тие од нашето богатство нема да наследат ништо  “ – изјавил тој и откри дека во наредните неколку години целиот капитал кој го стекнал ќе биде донирам во неговата хуманитарна организација која има за цел да ја намали сиромаштијата и болестите во светот.

„Моите деца ќе стекнат образование и ќе мораат самите да ја изградат нивната кариера и животниот пат. Толку многу пари само ќе им го уништат животот“-изјави Гејтс.

Тие во наследство ќе добијат само минимален дел, кој ќе им треба заради финансиска поткрепа, а за сè останато ќе мораат да се изборат.

Бил Гејтс има три деца – 20-годишната Џенифер, 17-сет годишниот син Рори и ќерката Фиби која има 14 години.

Тој додал дека по неговата смрт децата ќе управуваат со хуманитарната организација и дека набрзо потоа сите пари ќе бидат донирани на луѓето кои имаат најмногу потреба.

Извор: still.kurir.rs

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.