Наградете ги вашите деца со нови искуства, не со материјални работи

0

Нашето материјално општество го прави родителствувањето тешко. Постојано сме бомбардирани со реклами за „кул“ нови играчки, видео игри и најнови техно-додатоци, па како можеме да очекуваме од неразвиените, неиксусни мозочиња на нашите деца да се справат со сето ова?

Родителите треба да го пренасочат вниманието на своите деца кон објекти кои навистина значат во животот. Наместо да им делиме на нашите деца торби со играчки за нивното посакувано однесување, ние треба да ги наградиме со нови животни искуства.

За сите е многу лесно да грабнете играчка за еден долар во продавница и да му речете на детето “ако добро се однесуваш, можеш да го имаш ова”. Парчето залепена пластика со форма можеби ќе има за него значење во следните 24 часа, и потоа ќе биде фрлено во некој агол со другите мали играчки. Безначајна колекција која ќе собира само прашина.

А зошто не ветување и авантура наместо тоа? “Ако си послушен/а, ќе одиме во во парк после ова”. Трчајте околу игралиштето, валкајте се во тревата… Тоа нема да собира прашина или да седи заборавено во некој агол – можеби ќе има по некоја дамка од тревата, ќе биде уморно, но, тоа ќе биде среќно дете.

На децата им требаат помалку работи, а повеќе искуства со значење. Кога ќе пораснат, тие нема да се сеќаваат на материјалните работи во нивниот живот, туку ќе се сеќаваат на времето кога се обидувале да фатат полноглавци во езерото или на песочниот замок којшто вие двајцата го изградивте на плажата и бранот го сруши.

Нека биде едноставно. Не ветувајте награди кои не можете да ги изведете или одбегнете за лошото однесување на детето, како на пример патување во Дизниленд. Најдоброто животно искуство не чини ништо, како на пример пикник во парк, дување балончиња во дворот, цртање со креда на тротоарот, или играње со топка наоколу. Сите овие работи имаат едно нешто заедничко: ги правите вие заедно. Она што децата навистина го сакаат во нивниот живот е квалитетно проведено време со нивните родители.

Речете му стоп на материјализмот: создавајте заедно сеќавања, а не материјални колекции!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот