На Танц фест гостува Државната опера и балет од Измир

0

Државната опера и балет од Измир, Турција вечер ќе настапи во Македонскиот народен театар во рамки на Танц фест со претставата “Боите на танцот” која е во кореографија на Мехмед Балкан, а на музика на Ерим ардал и Ј.С. Бах. Во претставата играат дваесетина танчари од турскиот балет.

Балетот при Државната опера и балет од Измир има остварено голем број турнеи во Турција, но и надвор од неа кои се карактеризираат со голем успех заради високиот уметнички квалитетна продукциите и на танчарите, велат од Танц фест. Нивните продукции се прикажуваат во Купар, Германија, Италија, Франција, Босна и Херцеговина, Кина и Јапонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.