На што помислуваат прво момците кога нема да им вратите на пораката

0

Жените се тие кои обично се оптоваруваат со мисли ако не добијат повратна порака. Но, што мислат мажите кога ќе се најдат во таква ситуација?

Подобро би било да не ја гледам неколку дена

Има момци кои помислуваат на ова бидејќи мислат дека не постои доволна добра причина за неодговарање на пораките.

Стигна порака, можеби е од неа

Да, тие се само луѓе кои исто така имаа желба да ве слушнат и да комуницираат со вас.

Да пробам да и се јавам?

Да, некои од момците не сакаат да чекаат и ќе пробаат да ја решaт брзо неизвесноста.

Не сакам да разговарам со некој кој не враќа

Никој не сака да чека другиот да врати на пораката и да пробува на секој можен начин да ја продолжи комуникацијата односно не сака да разговара сам со себе.

Можеби не ја добила пораката 

Еднаква ситуација како претходната. Нова порака е лоша идеја после немање одговор на првата.

Баш ми е гајле за ова, одам да правам нешто друго 

Ова веројатно е најчестата мисла колку и да не сакаме да признаеме. Момците не губат премногу време на неважни работи и најголем дел од времето не го трошат на размислување за пораките.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот