На што не можат да одолеат мажите

0

Жените постојано се обидуваат да ја решат оваа мистерија, да одговорат на прашањето за да знаат со што си имаат работа. Многу списанија и останати медиуми се посветени на оваа тема, а да не ги споменуваме бескрајните разговори каде жените го кажуваат своето мислење убедувајќи се меѓу себе со факти базирани на лично искуство.

На оваа тема има истражувањата дадоа одговор, односно кои работи прво ги забележуваат мажите кај спротивниот пол.

  • Широки колкови –мажите сакаат широки колкови и тенка половина. Тоа ги потсетува на можноста за потомство и тоа е причината за привлечноста.
  • Висок и тенок глас – ако може да се верува до крај на студијата, мажите сакаат ваков глас бидејќи ги потсетува на младоста,а го поврзуваат и до дитно женско тело кое ги тера да се чувствуваат моќно.
  • Здрава коса – сјајна и долга коса за нив е една од најатрактивните работи. За нив, ова е уште еден знак за плодност кај жената.
  • Насмевката – уште една работа која ја обожаваат кај жените од причина што среќни луѓе привлекуваат многу други околу себе. Насмевката го менува целиот изглед кај човекот.
  • Шминка- овде важи правилото што помлаку шминка, толку подобро. Тие го сакаат природниот изглед кај жените. Можеби жените мислат дека со нагласени очи ќе бидат попривлечни, но мажите сакаат чистина во погледот пред нив. Тие сакаат жените да користат 40% помалку козметика.
  • Црвената боја – клише кое се уште функционира.

Секако дека истражувањето е направено на група луѓе кои биле дел од студијата, што не значи дека треба посветено да се следат сите набројани точки. Од секое правило има и исклучок кој го потврдува тоа.

Во крајна линија, трудете се да бидете свои и прво да си се допаднете себе си. На тој начин и светот ќе ја почувствува вашата самодеоверба која ќе ги плени луѓето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.