“На почетокот со скромни амбиции, но сега засилени чекориме напред и развиваме успешна приказна“-Македонка Коцева, организација Виножито

0

Во текот на 2017 година во рамките на проектот Smart Start кој е кофинансиран од Европската Унија и се спроведува во пет земји: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција чиј носител за Македонија е Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), десет македонски невладини организации добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија. Разговораме со еден од добитниците на грант Македонка Коцева од организацијата Виножито.Колку време постои, кој е бизнис моделот и како се развива Виножито?

“Виножито“ работи во рурална земјоделска средина од областа здрава храва, поточно природно дехидрирање на зеленчук, главно нижени пиперки. Виножито постои од 2001 година, а дури во 2017 година по трансформацијата во социјално претпријатие со помош на грантот добиен од програмата СМАРТ СТАРТ преку Центарот за истражување и креирање политики, СП Виножито прерасна во самоодржлива организација. На почетокот со скромни амбиции, но сега засилени чекориме напред и развиваме успешна приказна.2. Која е социјалната компонента и како таа ќе допринесе за општествен и економски развој?

Производство и преработка на храна е нашиот основен бизнис преку ангажирање на лица од социјално ранливи катеории. Социјалната компонента е дополнително нагласена што ангажираме стари лица (особено жени) сосема исклучени од пазарот на трудот.

  1. Која ранлива категорија ја адресира оваа организација?

Ги вработуваме сите ранливи категории но, со посебен акцент на постари лица (најчесто над 70 години) кои не стекнале право на пензија по ниту еден основ. Оваа категорија е распространета во руралните средини и тоа најчесто се жени земјоделки (кои за да стекнат право на пензија треба/ло да имаат земја на свое име). СП Виножито ја третира како работна сила оваа категорија и преку нивната вработливост решава голем социјален проблем.

  1. Каде се пласираат производите?

За сега на отворените пазари низ Македонија и преку извозник дел се извезува во Италија.

5. Што ви е потребно како социјално претпријатие во оваа развојна фаза?

Во оваа развојна фаза ни се потреби пред се дополнителни знаења за понатамошен развој но и дополнителни ресурси кои оваа година ги обезбедивме преку општина Радовиш кои ја препознаа оваа идеја и ја помогнаа особено во делот на обезбедување простор.

  1. Кои се плановите за иднина?

Плановите за во иднина се зголемување на капацитетите особено во дополнителен простор за работа и складирање на производите, амбалажа за пакување и чување на робата, понатаму машини и алати итн. Со зголемениот капацитет планирање да го зголемиме и продажните канали до крајниот корисник.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.