На ова дрво растат 40 различни вида овошје

0

Оддалеку ова можеби ви личи на обично дрво, ама кога човек ќе го погледне одблизу ќе види дека има листови во различни бои и големини кои хармонично растат едни покрај други. Причината за ова е работата на Сем Ван Ејкен, универзитетски професор и современ уметник кој го креирал ова хибридно дрво со 40 различни типа овошки.

Дрвото со 40 овошки е проект кој трае веќе некое време, а Ван Ејкен се обидува да најде нови начини и методи за неговите уникатни хибриди. Овој процес го започнал пред скоро девет години.

„Започна како уметнички проект. Сакав луѓето да видат како изгледа кога различните типови овошја би растеле заедно на едно место, во исто време“, изјавил Сем за магазинот Time во едно свое интервју.

1438012216-syn-hbu-1437666971-screen-shot-2015-07-23-at-110944-am

Негова цел е да ги размножи овие дрвја и да се продаваат садници од кои би можеле да профитираат и другите луѓе. Сем изработува дијаграм со кој го следи растот и развојот на овошките. Но, највпечатлив е сепак моментот кога на пролет дрвото почнува да цвета и е преплавено со цветови во различни бои, големини, нијанси. Величенствено. И да, овошјето може да се јаде.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.