На крајот од денот…

0

Зад нас оставаме уште понеделник. Можеше да биде подобар. Поинаков.

Пред да си ги ставите омилените пижани и удобно да се спружите на троседот, размислете за денот што изминал…

На колку луѓе денес токму вие им бевте причината за слатка насмевка?

Дали денеска некого силно прегрнавте и му кажавте дека не можете да си го замислите животот без него?

Дали го израдувавте вашето дете со балони од сапуница или некоја нова приказна?

И се јавивте ли на пријателката која поминува низ тежок период и очајно и треба уво за слушање и рамо за плачење?

Научивте ли нешто ново кое ви ја разбранува сивата материја?

Сè она што сте пропуштиле денеска, не го пропуштајте и утре. На крајот од денот не е важно каква кошула купивте… Ниту колкав е вашиот минус во банка… Ни неважните вести од рубриките за политика и економија. Важно е да сте спокојни, среќни со она што го имате во душата, а не во паричникот… И оние најважните луѓе, да се тука околу вас, подготвени да ве слушаат додека ја раскажувате најубава приказна за добра ноќ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот