На кој начин дополнителното знаење ќе ве направи поуспешни во работата

0

Живееме во дигитално време кога се е „сервирано“ онлајн. Доколку посакаме да завршиме некаков курс, можеме веднаш да најдеме начин како да го сториме тоа, без физички да се поместиме. И тоа не е лоша опција, но дали ја знаеме границата на сите информации и што е уште поважно, дали можеме сé да искористиме од нив. Во морето на достапни податоци, капацитетите можат да нè ограничат во насока на приемот. Ние секако, во текот на денот генерално сме „нападнати“ со информации, дури и кога не сакаме, ги добиваме.

Во тој случај, се поставува прашањето – дали дополнителното знаење кое се добива на курсеви и разни видови академии и школи е од корист?

Секако дека е, доколку правилно се насочи. Не треба само да се меморираат информациите кои се добиваат, не треба само да се направи „bookmark“ туку најпрво да се разберат во целост, а потоа да се најде начин да се искорстат во пракса.

Во САД 80% од компаниите нудат онлајн тренинг за нивните вработени со цел подобрување на резултатите во работата.

Понекогаш, кога треба да се научи нешто ново, потребно е да се „заборави“ тоа што веќе ни е познато. Во спротивно, постои ризик да се најдете во ситуација новите информации да се пласираат во веќе познати рамки кои пак не одговараат.

Затоа, потребно е умот да се стави во состојба на почетник, за да може во целост да се разбере, прими и примени новата информација.

Максимизирање на наученото може да носи задоволство. Како?

Децата учат за животот благодарение на нивната љубопитност. Учат да јадат, да лазат, да одат, да зборуваат како резултат на интерес кон непознатото. Кога пак почнува училиштето, децата се принудени да учат тоа што е наложено. Без разлика дали е во полето на нивниот интерес или не.

Подоцна во животот луѓето учат повторно да се водат од потрагата по она што им буди интерес на учење, процес кој всушност дава позитивни резултати.

Делегирање на обврски носи ефективност во работата, тоа е нешто кое секој добар лидер треба да може да го прави бидејќи колку и да е искусен, тимската работа и тимското знаење носат поголеми резултати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.