На кои жени им е најтешко да пронајдат љубов

0

Често слушаме коментари дека ако жената е интелигентна, покрај останатите нејзини адути, уште потешко може да го пронајде вистинскиот партнер.

Интересно е тоа што често и друштвото е склоно кон мислење дека нешто не е во ред со жените кои немаат врска, немаат партнер…

Дефинитивно не се работи за тоа!

Во продолжение наведуваме 9 причини зошто паметните жени тешко може да пронајдат вистинска љубов.

1. Тие не се плашат да бидат сами

Паметните жени знаат што сакаат и не се подготвени на нешто што е помлаку од таа замисла.
Знаат колку е важно да бидат доследни на себе. Знаат дека обидот да бидат со личност со која што немаат заеднички разбирања, би било само жртвување на вистинската љубов, а истото со текот на време би предизвикало и незадоволство кај двајцата.

2. Интелигентните жени знаат точно што сакаат

Секоја жена има ментален „список“ на карактеристики кои ги бара при изборот на партнер.
Списокот на паметните жени е многу подолг од оние кои само сакаат да бидат во врска. Паметните жени добро се познаваат себеси и знаат со каква личност би можеле да остварат врска.

BeFunky_start-up.jpg-700x325

3. Не им е потребна друга личност да им го олесни животот

Минатото се карактеризира со сфаќања од овој тип:
„Жената од куќата на својот татко директно треба да оди во куќата на својот сопруг“. Денес пак, во современиот живот, на жената не и потребно друга личност да и помогне да преживее.
Покрај тоа , понекогаш за независните жени делењето на домот со друга личност може да изгледа „страшно“ и да е вистински сериозен процес низ кој треба да се помине.

4. Тие имаат поприоритетни задачи од пронаоѓање на партнер

Кариерата, пријателствата, семејството, без разлика за што се работи, овие жени наоѓаат време за сè, но исто така ги поделуваат и своите приоритетни обврски.
Немањето на партнер за нив не значи опсесија и здолжително трагање по истиот!

5. Тие се комплетно свесни дека врските завршуваат како вакви или такви и свесни се дека истите тие врски, влијаат на изборот на партнер во иднина

За овие жени „живеење во моментот“ е понекогаш тешко да се разбере бидејќи тие не сакаат да си го трошат времето за врска во која не гледаат иднина. Сакаат да знаат дека личноста со која моментално се состануваат може да е нивен потенцијален сопатник. Да е на иста „фрекфенција“ со размислување како нив- деца, брак, семјство, амбиции.

rodna-ravnopravnost-700x325

 

6. Тие знаат дека привлекувањето е само половина од се она што е потребно во врската

Физичката привлечност е важен аспект за пронаоѓање на партнер, но паметните жени сфаќаат дека тоа е краткотрајно и може комплетно да исчезне кога врската ќе се продлабочи.

7. Тие може да бидат застрашувачки

Интелигентните жени не се плашат да станат и да кажат што мислат. Тоа многу луѓе тешко го „проголтуваат“.
Без разлика дали е тоа бидејќи не знаат како да реагираат или затоа што чувствуваат дека не може да ги исполнат нивните очекувања- на потенцијалните партнери па дури и на нивните пријатели овие жени може да им делуваат застрашувачки.

8. Интелигентните жени ги разбираат промените

Тие не се лажат со фактот дека и по 10 години ќе бидат исти, дека нема да се променат, а нема ни нивниот партнер. Сфаќаат дека секоја личност се менува.
Интелигентните жени сакаат да созреваат. Токму затоа бараат личност што ќе може да ги следи во тоа. Да одат чекор по чекор заедно.

9. Тие знаат дека не треба секогаш да им се верува на емоциите

Човек никогаш не може да ги вети своите емоции на некого.
„За секогаш ќе те сакам“, „сакам секогаш да сме заедно“- ова се зборови кои не може да се ветат. Емоциите постојано се менуваат, а за ова се свесни овие жени.
Ова е најголема причина зошто памтните жени потешко може да ја пронајдат вистинската љубов.
Кога емоциите се менуваат почитта кон другата личност останува. Затоа овие жени сфаќаат колку  е важно заедничкото созревање во бракот и поддршката секој треба да ја негува во врската.

83235197856e6d61dac49c631552189_w640

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот