На кино благајните оваа недела повторно доминира "The Martian"

0

Оваа недела нема некои поголеми промени на американскиот боксофис. На првата позиција со заработка од 37 милиони долари е повторно “The Martian”. Во филмот станува збор за групна мисија на Марс каде астронаутот Марк Витни е прогласен за мртов откако тој и тимот се зафатени од бура. Екипажот си заминува, а тој е оставен на црвената планета. Но Витни наоѓа начин да преживее и да сигнализира назад до земјата дека е жив. Режијата е на фантастичниот Ridley Skott, а во главните улоги се Matt Damon, Jessica Chastain, Kristen Wiig и Jeff Daniels.

The_Martian_film_poster

На второто место е “Hotel Transylvania 2” со вкупна заработка од 20,3 милиони долари. Дракула и пријателите се враќаат на големото платно, а овојпат се обидуваат да ја истакнат повеќе вамприската страна на неговиот внук, кој е половина вампир, половина човек, се со цел тој да остане во дворецот. Режијата е на Genndy Tartakovsky, а гласовите ги позајмуваат Adam Sendler, Andy Samberg,Selen Gomez.

hotel t

Оваа недела на трето место на боксофисот е филмот “Pan” со заработка од 15, 5  милиони долари. Дванаесетгодишното сираче Петар магично преминува во Недојдија, каде се соочува со многу опасности, но и многу забава. Таму ја открива и својата судбина – да стане херојот кој засекогаш ќе остане познат како Петар Пан. Режијата е на Joe Wright, а улогите ги толкуваат Levi Miller, Hugh Jackman, Garrett Hedlund.

pan

Еве како изгледа оваа недела првата десетка на амеркинаскиот боксофис:

  1. The Martian  – 37 милиони долари
  2.  Hotel Transylvania 2 –  20,3
  3. Pan – 15,53
  4. The Intern – 8,66
  5. Sicario – 7,35
  6. Maze Runner: The Scorch Trials – 5,25
  7. The Walk – 3,65
  8. Black Mass – 3,13
  9. Everest (2015) – 3,03
  10. The Visit – 2,42

Остави коментар