На 19 март е официјалното отворање на „Дојран – град на култура 2016″

0

На отворената летна сцена на плоштадот „Под јаворите” во Стар Дојран, на 19 март попладне официјално ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на култура”. Општината е носител на титулата Град на културата за 2016 година откако беше избрана на конкурс на Министерството за култура.

Предвидени за настапи во траење од два часа  на Каролина Гочева, ДНК и Даниел Кајмаковски. За забава на најмладите ќе настапат членовите од детскиот фестивал „Калинка” и од Студиото за модерен балет „Sweet Dance”.

Крајот на концертните настапи ќе биде означен со огномет, што воедно ќе значи и почеток на манифестацијата „Дојран – град на култура 2016”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот