На денешен ден почина таткото на Комодоре 64

0

На денешен ден пред пред четири години почина таткото на Комодоре 64.

Идек Трамиелски или познат какоТрамиел,  е роден во 1928 година во полскиот град Лоѓ. Тој е еден од преживеаните во нацистичкиот логор „Аушвиц“, а во 1947 година емигрирал во САД.

Во 1954 година ја формира компанијата „Комодоре Интернешанл“. Години подоцна, во 1982 година го лансирал еден од првите персонални компјутери во светот „Комодоре 64“.

Компјутерот кој се смета за класика во дигиталната ера, имаше основна меморија од 64 килобајти, читач на дискети, осумбитен микропроцесор и конектор за кетриџ, а исто така постоеше можност дирекно да се приклучи на телевизор.

Во периодот на неговото производство во 1982 до 1993 година ширум светот се продадени над 22 милиони примероци, со што „Комдоре 64“ е вклучен во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван компјутер на сите времиња.

Инаку вкупно се напишани  околу 10.000 програми за „Комодоре 64“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.