На денешен ден е роден Ристо Шишков

0

На денешен ден, 1940 година, во селото Мрсна кај Серез, Егејска Македонија, е роден легендарниот македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Роден е во ситуирано трговско семејство, а татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит.

Во 1942 година, тој и неговото семејство ја доживуваат трагедијата на бегалците од овој регион, а во 1945 година преку Бугарија доаѓаат во Струмица, каде се школува. Првично сакал да студира атомска физика но се предомислил, и во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, отсек глума.

По две годишно работење во Југословенскиот драмски театар во Белград, то се сели во Скопје и од 1 ви Октомври 1964 година станува дел од Македонскиот Народен Театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма, 5 телевизиски драми, 3 телевизиски серии и повеќе радиопорграми.

Добитник е на наградата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, 1977 година, за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.
Во 1979 година е обвинет за навреда на Тито и на српски и хрватски актери, и на 15 јануари 1980 година заминува во затвор.
По кратко боледување, умира во Скопје на 17 јули 1986 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот